Дали ја препознавате? Оваа пејачка денес е на самиот врв на естрадата, а вака изгледала некогаш (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Весна Џогани објави слика на Инстаграм од нејзините помлади денови, поточно, кога била тинејџерка.

Таа на своите следбеници мистериозно им го постави прашањето „Која е оваа девојка“, започнувајќи анкета.


Пејачката сподели неколку од најинтересните одговори во приказната на Инстаграм, како и оној дека станува збор за Шемса Суљаковиќ, на што пејачката се смееше од дното на срцето.


„Тоа сум јас летото 94. Не личам на себе воопшто“, кратко прокоментира Весна .

Детското лице и долгата, кафеава коса ја прават Весна скоро да не личи на себе денес, но пејачката има препознатлива, уникатна насмевка на оваа слика од тинејџерските денови.

Животот на Весна Џогани не бил бајка: Мајка ѝ ја оставила во Дом, се омажила за 22 години постар маж


Foto: Printscreen/ Instagram/ ĐoganiVesna