Дали љубовта им пресуди: Прво момчето, па девојка се самоубија во Штип

Добивај вести на Viber

Две самоубиства во последните 24 часа ја потресоа Македонија. Случајот е поврзан а штипјани тагуваат по два млади животи.

25 годишно момче и 22 годишна девојка си ги одзедоа животите.

Засега мотивите за двојната трагедија официјално не се откриваат, но од СВР Штип за дел од медиумите потврдуваат дека двата случаи се поврзани.

Местата на трагичниот чин, сепак не се исти, иако самоубиствата се извршени на идентичен начин.

Момчето си пресудило на археолошкиот локалитет Баргала во текот на вчерашниот ден, додека синоќа со бесење се самоубила и 22 годишната девојка но таа по животот посегнала во селото Аргулица.

Дел од медиумите пишуваат дека мотивот за самоубиствата е забранета љубов помеѓу двајцата но засега институциите не откриваат. Случајот оди во раце на ОЈО за понатамошно расчистување.


Фото: Фејсбук