Дали се сеќавате на Марисол? Еве каде е и како изгледа цвеќарката со лузна на лицето на 56 години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Youtube printscreen/Luka Tuškan

Сите ги гледаа популарните сапуници во текот на 90-тите години.

Дали се сеќавате на мексиканската сапуница „Марисол“? Приказна за сиромашна девојка со лузна по целото лице, која се вљубува во погрешниот (и богат!) Хозе Андрес и со тоа станува жртва на бројни интриги и заговори на неговото угледно семејство?

Секако дека се сеќавате! Сапунската опера од 1996 година достигна светска популарност, а за сирачето кое доби лузна како дете кога падна на огледало, приказната заљубовта на незаштитена девојка и нејзиниот принц закова многумина на екраните и обезбеди статус на големи sвезди за актерите.

Секако, сапуницата и донесе најголема слава на убавата актерка Ерика Буенфил, која денес има 56 години. Уште пред да ја игра улогата на Марисол во 1996 година, Ерика веќе беше позната во родното Мексико по улогите во сапуниците „Право на раѓање“ и „Ангелика“, во кои имаше многу важни улоги. 

Сепак, улогата на Марисол целосно го промени нејзиниот живот. Оваа сапуница ги премина границите на Мексико и стана популарна во светот, а глумата на Ерика се фалеше на секој чекор. Главните актери го обиколија светот и уживаа во својата слава.


По завршувањето на турнејата, Ерика продолжи да работи на проектите на филмската компанија „Телевиса“. Сепак, во 2004 и 2005 година, љубовната приказна се претвори во вистински скандал.

Имено, таа беше во врска со Ернест Зедила Веласко, синот на поранешниот претседател Ернест Зедила. Нивната романса беше тајна и од неа се роди Николас Хесус Буенфил Лопез, кого синот на поранешниот претседател никогаш не го признаваше. Во тој момент, Ерика стана самохрана мајка која целото внимание го насочи на детето, па нејзината кариера претрпе. 

Таа се појави само во минорни улоги, а за нов голем проект се одлучи дури во 2012 година, кога ја сними сапуницата „Вистинска љубов“ во друштво на Едуардо Јанез, Себастијан Рули и Еиза Гонзалес. Повеќето луѓе дури тогаш сфатија како изгледа постарата верзија на Марисол и многумина заклучија дека времето е само во прилог на нејзиниот изглед.

По серијата „Вистинска љубов“, Ерика се појави и во сапуницата „Мачка“, во која ја толкуваше мајката на главниот лик и речиси го сврте целото внимание кон себе.


На почетокот на оваа година, по 40 години, Ерика го загуби ексклузивниот договор со компанијата „Телевиса“, што и овозможи одлични деловни понуди. Сепак, Ерика се чувствува како да се прогласи за „слободна“ после толку години, за да продолжи друг, сосема обичен живот со своето дете.

- Им благодарам на „Телевиса“ што им бев омилена 40 години - истакна Ерика, која сега работи како независен уметник, и не е исклучено да се појави во сапуници на други телевизиски куќи. 


Фото: Инстаграм/erikabuenfil50

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Мистериозно исчезна: Како денес изгледа најпознатата актерка од мексиканските теленовели во 90-тите