Дамата со стил: Стојна Костовска покажа фотографија од младоста – Навистина годините не ѝ можат ништо

Добивај вести на Viber

Една од поубавите жени за која годините не значат ништо. Ведра по дух, секогаш позитивна и расположена. Низ годините успешна во она што најдобро знае да го прави – да глуми.

Македонската актерка Стојна Костовска објави фотографија од младоста и напиша: „Спомени“.

Разлика како и да нема споредувајќи ја фотографиите од сегашноста.

Долгата црна коса била нејзин заштитен знак уште од младоста и така останала до ден денес, а нејзиното лице го краси широка насмевка.


„Убавото Стојне“, „Прекрасна“, „Преубава Стојне плениш каде и да се појавиш. Убав спомен“, „Мојата дама со стил“, се дел од коментарите на нејзини блиски и следбеници кои ја обожуваат оваа дама.

Фотографијата од младоста на актерката само покажува дека годините ништо не значат, доколку знаеш како да се негуваш физички, но и духовно. Надворешната убавина е огледало на внатрешната.

Фото: Фејсбук
РЖМ