Јелена Јованова и Стјепан слават една деценија заеднички живот: Јаков и Тома круна на нивната љубов

Македонската актерка Јелена Јована Периќ, која публиката со години ја препознава како незаборавната Јелена од Драчево во популарната хумористична серија „Преспав“, одбележа значаен личен јубилеј – 10 години брак со својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ.
По повод десетгодишнината од венчавката, актерката сподели емотивна фотографија од нивниот свадбен ден на својот Инстаграм профил. Со овој гест, Јелена на суптилен и стилски начин ја сподели својата интимна среќа со јавноста.
Парот Периќ, и покрај тоа што се јавни личности, секогаш внимателно го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста. За тоа сведочи и фактот дека Јелена двете бремености – со синовите Јаков и Тома – успешно ги сокри од медиумите, оставајќи ја мајчинството како нејзина лична и интимна приказна.
И Јелена и Стјепан се активни во своите актерски кариери, а нивната врска е пример за стабилност, поддршка и љубов помеѓу двајца уметници од различни земји, но со заеднички живот исполнет со разбирање и посветеност.
Актерскиот пар Јелена Јованова и Стјепан Периќ се вљубија на снимање на серијата „Тајни“, се венчаа, а во 2020 година станаа родители на синот Јаков, а минатата година станаа росители по втор пат на синот Тома.
Овој јубилеј не е само потсетник на нивната љубов, туку и на нивната силна врска која трае и се развива, без разлика на професионалните предизвици и медиумската експонираност.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г