Каролина и Михаил на алпски рај: Пејачката ова лето одбра планина за одмор

Македонската музичка дива Каролина Гочева одлучи најтоплиот месец ова лето да го помине на поинаков начин – далеку од жештините, на чист планински воздух. Заедно со нејзиниот сопруг Михаил, таа уживаше во спокојството на Италијанските Алпи, каде се препушти на заслужен одмор по интензивниот концертен период.
Судејќи според фотографиите што ги сподели, Каролина максимално го искористи секој момент од планинскиот рај – се релаксираше на сонце, пливаше во базен, вежбаше во фитнес сала и го впиваше мирот што го нуди природата. Вниманието го привлече и со својот изглед – иако е на прагот на петтата деценија, Гочева изгледа свежо, негувано и природно, особено во моменти кога е далеку од сцената и очите на јавноста.
Во друштво на Михаил, Каролина покажа колку може да изгледа опуштено и среќно – без шминка, во спортска облека, со насмевка која говори повеќе од илјада зборови.
РЖМ - Г.Д.Г