Почина Јулијана Тануровска, догогодишна новинарка на МТВ1

Добивај вести на Viber

На 60-годишна возраст, по долгогодишна и посветена кариера, почина Јулијана Тануровска, одговорен уредник на сателитскиот сервис на МТВ1. Тануровска ја посвети целата своја новинарска кариера на Македонската радио телевизија, каде што работеше како репортер и уредник во информативната програма. Таа беше позната по прецизниот и детално обработен новинарски израз, особено во сферата на образованието и црквата.

Колегите и соработниците ја паметат по нејзината професионалност, посветеност и човечност, кои беа основа на нејзината долга и успешна кариера

Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта во Бутел.

Извор: ФАКТОР