Дефиниција за независна жена: „Не онаа која може сѐ сама“ туку онаа која знае како од мажот да направи свој најголем сојузник

Жената не е перпетум мобиле, како и сите човечки суштества создадена е да живее во заедница.
Грчкиот филозоф Аристотел кажал една голема вистина „Оној кој може сам или е Бог или е ѕвер“.
Жените и мажите се создадени како единки кои треба да живеат во заедништво и да градат сојузништво.
Без маж или жена, не може да се создаде дете. Без соработката помеѓу мажите и жените нема ниту успешни семејни, бизнис приказни, нема успешно општество.
Клучот е во соработката, а не во депривација од машко-женските односи.
Вешта жена е онаа која го знае сопственото место, но која добро го познава и местото на мажот во својот живот.
Независна жена не е онаа која „може сѐ“ сама.
Независна жена е онаа која знае, кои работи може да ги направи само таа, а кои работи може да ги направи само мажот и за тоа да побара помош.
Суштината на секој човечки потенцијал е заедницата, мудра жена знае како да го вклучи мажот во своето секојдневие.
Но и таа да биде присутна во животот на мажот, кога ги прави работите кои само таа ги може и кои само таа ги знае.
Независна жена е онаа која не зависи од тоа како се толкува нејзината независност, независна жена е онаа која знае, која умее и која може да соработува, да го вклучува мажот во своите страници од животната биографија.
Зошто на крајот од денот, за да создадете било каква приказна, па и биографска, во неа се потребни ликови.
Дури и да е ваша приказната, дури и да сте главната хероина во приказната, мора да постојат и други ликови.
А тие ликови ако ги претворите во ваши сојузници, тогаш навистина може да се каже дека сте УСПЕШНА И НЕЗАВИСНА ЖЕНА.
М.К / Извор Фото: Freepik