Денес знам дека тоа се вика живот: Зборовите кои Чарли Чаплин ги подари на човештвото - одекнуваат со мудрост
фото:Profimedia
Чарли Чаплин му подари на човештвото многу мудри зборови. Обидете се да прифатите барем некои од нив и да си го подобрите животот!
1. Кога навистина почнав да се сакам себеси, сфатив дека болката и емоционалното страдање се само предупредувања што ми кажуваат дека во моментов живеам спротивно на мојата вистина. Денес знам дека тоа е да се биде веродостоен.
2. Кога навистина почнав да се сакам себеси, сфатив колку може да биде навредливо кога се обидувам да натерам некого да го направи она што го сакам, иако знам дека моментот не е вистински и таа личност не е подготвена за тоа, дури и кога сум таа личност јас. Денес, јас тоа го нарекувам почит.
3. Кога навистина почнав да се сакам, престанав да копнеам за поинаков живот и сфатив дека сè што ме опкружувало било всушност повик за растење и развој. Денес, јас тоа го нарекувам зрелост.
4. Кога навистина почнав да се сакам себеси, сфатив дека под било какви околности секогаш сум на вистинското место, во вистинско време и дека сè се случува во вистинск момент. Така можев да бидам смирен. Денес тоа го нарекувам самодоверба.
5. Кога навистина почнав да се сакам, престанав да си го крадам времето од себе и престанав да правам грандиозни проекти за во иднина. Денес го работам само она што ми носи радост и среќа. Јас правам работи што сакам да ги правам и што го прават срцето среќно и го правам тоа на мој начин со мое темпо. Денес знам дека тоа се нарекува едноставност.
6. Кога навистина почнав да се сакам, се ослободив од сè што не беше здраво за мене: храна, луѓе, работи, ситуации и сè друго што ме влечеше на дното и далеку од себе. Отпрвин тоа го нарекував „здрав егоизам“, но денес знам дека е само љубов кон самиот себеси.
7. Кога навистина почнав да се сакам, престанав да посакувам секогаш да сум во право, па затоа направив помалку грешки во животот. Денес сфатив дека тоа се нарекува скромност.
8. Кога навистина почнав да се сакам, се откажав од навиката да живеам во минатото и да се грижам за својата иднина. Сега живеам само за овој момент во кој сè се случува. Така живеам секој ден и тоа го нарекувам исполнетост.
9.Кога навистина почнав да се сакам себеси, сфатив дека мојот ум може да ме вознемири и дека некои од моите мисли може да ме разболат. Но, штом започнав да го користам срцето, мојот ум доби скапоцен сојузник. Денес оваа врска ја нарекувам мудрост на срцето.
10. Нема потреба да се плашиме од кавги, конфронтации или какви било проблеми, бидејќи и ѕвездите понекогаш се судираат, па дури и од тој судир излегува нов свет. Денес, знам дека се вика живот.
извор:stil.kurir.rs