Животна училница // Приказни
ДЕНЕСКА ДО 33 СТЕПЕНИ: До петок ќе има пораст на дневните температури
- 26 Август, 2025 15:50

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 33 степени.
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а в недела ветерот ќе го смени правецот во северен.
Извор: Фактор