„Дијагностициран ми беше рак на дојка, никогаш не ги игнорирајте ОВИЕ симптоми“: Сара (40) испрати СИЛНА порака

Сара Ерхарт (40), воспитувачка од предучилишна возраст од САД, отворено проговори за симптомите на рак на дојка кои ги забележала пред да и биде дијагностициран.
Кога на Сара и бил дијагностициран инвазивен дуктален карцином во јануари оваа година, таа реши да го документира своето патување низ болеста - со надеж дека ќе им помогне на другите на патот.
Во своето сведочење таа нагласува колку е важно да го слушате вашето тело и да не ги игнорирате ниту најмалите промени. Симптомите што таа ги имала изгледале безопасно - замор, повремена болка во градите, чувство на стегање - но тие всушност беа првите предупредувачки знаци. Нејзината порака до жените од сите возрасти е: „Ако чувствувате нешто необично, веднаш посетете лекар. Не чекајте и претпоставувајте дека не е ништо“.
Кои се симптомите кои Сара ги игнорираше и укажуваа на рак на дојка?
Често рзболување
Почнувајќи од август 2024 година, Сара почна „многу да се разболува“. Меѓутоа,
бидејќи предава пет и шестгодишни деца, не обрнувала многу внимание на тоа,
мислејќи дека „веројатно има многу вируси оваа учебна година“.
- Имав неколку пневмонии, бронхитис, и едноставно не можев да се ослободам од нив - рекла Сара.
Топлински бранови
- Имав топлотни бранови до тој степен што ќе се разбудев со постелнина, пижами - се беше целосно прекриено во пот. Не ми беше нормално – објасни таа.
Меѓутоа, во тоа време, Сара сето тоа го препишувала на перименопаузални симптоми.
Исцрпеност
Иако Сара признала дека често се чувствувала уморна, таа доживеала исцрпеност на сосема друго ниво.
- Се враќав од работа и веднаш седнував, а потоа спиев до следното утро без да се разбудам. И тоа се случуваше повеќе од еднаш - објасни Сара.
Во тој момент, таа му рекла на својот сопруг дека „нешто не е во ред“ и дека не се чувствува како обично.
Зголемени црвени крвни зрнца
Во октомври 2024 година, Сара направила тест на крвта и било откриено дека има макроцитоза - зголемени црвени крвни зрнца. Почекале малку и повторно ја тестирале, но ги добиле истите резултати.
Сепак, дури и откако ја упатиле на хематолог-онколог, не можеле да сфатат што не е во ред.
Мала грутка во градите
Во ноември 2024 година, за време на рутински самопреглед на градите, Сара забележала „грутка со големина на грозје“ во десната града. Ова ја навело да закаже преглед кај гинеколог, кој мислел дека треба да се направи мамографија и ултразвук.
После тоа, на Сара и била препорачана биопсија на грутката, што ја направи во декември 2024 година.
Што е инвазивен дуктален карцином?
Инвазивен дуктален карцином е вид на рак кој се јавува кога „абнормалните клетки во обвивката на млечните канали ја менуваат формата и го напаѓаат ткивото на дојката надвор од ѕидовите на каналот и ова е најчеста форма на рак на дојка.
Фазите 1, 2 и 3 ги опишуваат раните фази на ракот што не се проширил надвор од дојката или лимфните јазли под пазувите на истата страна како и ракот на дојката. Степен 3, или висок степен, се однесува на рак кој расте побрзо од степените 1 и 2 и е поверојатно да се шири.
Извор: Ona.telegraf.rsФото: Freepik.com