Дина е најмодерната принеза во арапскиот свет: Но нејзиниот начин на живот ги шокира луѓето и на западот и на истокот

Принцезата Дина е мажена за султанот и веќе неколку години живее паралелно во Њујорк и Ријад - сепак, луѓето не можат да бидат изненадени од нивниот начин на живот.
Принцезата Дина (47) деновиве е видена како шета по улиците на Њујорк во придружба на нејзиниот сопруг, додека се враќале од еден од „бувљак“ пазарите. Нејзиниот сопруг, Султан бин Фахад бин Насер бин Абдул, е познат колекционер на стари предмети, кои сака да ги купува од маркети и препродавачи. Тој многу ја цени и почитува историјата и најде начин да ја поврзе со културата и уметноста.
Ова е толку необично со оглед на тоа што парот припаѓа на кралското семејство, а тие живеат како обични граѓани на Америка - кога се во оваа земја. Кога одат во Ријад се однесуваат во склад со таа земја, но не како членови на кралското семејство, што многу ги изненадува луѓето и од Истокот и од Западот.
Двајцата водат многу необичен живот. Имено, иако припаѓаат на кралското семејство, Дина и Фахад живеат со своите деца во Њујорк и водат многу западен живот.
Двојката е во брак од 1998 година и има три деца: ќерка и момчиња близнаци. Ова арапско семејство најголемиот дел од животот го поминал заедно во Њујорк, а потоа се преселиле во Ријад, иако со задоволство често се враќаат во Њујорк. Принцезата има многу развиен моден бизнис, отвори неколку сопствени бутици и често е присутна на светските ревии. Нејзината кратка коса, прекрасната насмевка и совршената фигура ги отфрлаат сите предрасуди за ориенталните жени. Таа беше и главен уредник на првото арапско издание на магазинот „Вог“, но само за два броја, по што беше отпуштена од непозната причина.
Принцезата Дина е ќерка на економист кој живеел во Санта Барбара, а пораснала читајќи го Вог, па го поврзала својот поглед на модата со источната култура.
„Муслиманската заедница не се разликува од која било друга заедница. Модерните муслиманки се многу напредни.
Погледнете некои од нејзините други модни изданија:
Фото: Youtube - screenshoot - Top Pick/R/News Entertainment/ Инстаграм