Директорот прељубник ќе ги тужи Колд Плеј за скандалот: Еве што ќе добие

Добивај вести на Viber

Поранешниот извршен директор на компанијата Astronomer, Енди Бајрон, се најде во центарот на скандал откако на концерт на Coldplay во Масачусетс беше прикажан на голем екран во интимен момент со колешката Кристин Кабот. 

Снимката брзо стана вирална на TikTok, што доведе до неговата оставка, а во медиумите се појавија шпекулации дали ќе ја тужи групата.

Фото: EPA 

Инцидентот се случи на 16 јули, на стадионот „Џилет“, кога камерите ги уловија Бајрон и Кабот во интимна прегратка. Откако сфатија дека се на екран, Кабот го покри лицето, а Бајрон исчезна од кадарот. Фронтменот Крис Мартин коментираше од бина: „Или имаат афера, или се само многу срамежливи.“

По концертот, Бајрон поднесе оставка, а компанијата изјави дека од своите лидери очекуваат одговорно однесување. Привремено раководењето го презеде коосновачот Пит Деџој.

Freepik

Иако се зборува за можна тужба против Coldplay, правни експерти сметаат дека тоа нема основа. 

Адвокатот Рон Замбрано вели дека Бајрон бил на јавен настан и не може да очекува приватност. Сличен став има и адвокатот Тре Лавел, кој нагласува дека снимањето на јавни места е дозволено, сè додека не се користи за клевета или комерцијални цели без согласност.

Скандалот ја привлече глобалната јавност, но правна постапка против бендот изгледа невозможна.

Извор: Курир