(ФОТО) Ѓоковиќ со карантинска фризура: Се препушти на рацете на сопругата

Добивај вести на Viber

Најдобриот тенисер во светот долго се воздржуваше од шишање во карантин, на крајот и се предаде на сопругата.

Новак Ѓоковиќ ја смени фризурата во карантин. Иако се спротивставуваше за време на самоизолацијата, да и овозможи на сопругата да го шиша, на крајот очигледно се препушти и и' дозволи на сопругата Јелена да му ја среди фризурата.

Изгледа е задоволен од тоа како испадна фризурата, па за време на вклучувањето во живо на Инстаграм профилот Фондацијата на Новак Ѓоковиќ, јавно ја пофали својата сопруга.

„Задоволен сум од мојата нова фризура, благодарам љубов моја“, рече Новак, бакнувајќи ја раката на сопругата и додавајќи:

„Можеш да отвориш фризерски салон кога ќе заврши сето ова“, рече Новак, а Јелена ја прифати шегата.

„Добро, само не ја врти главата, за да не се видат некои дупки“, се пошегува Јелена.


извор: Телеграф