Додадете го ОВА во вашето кафе и забрзајте го вашиот метаболизам: Моќна комбинација за согорување на масти

Дали секој ден го започнувате со кафе затоа што не можете
нормално да функционирате без него? Освен што ќе ве разбуди и ќе ви го подобри
расположението, вашиот омилен пијалок може да ви помогне и да ја средите вашата
линија. Ако додадете одредени состојки во кафето, тоа може да стане одличен
сојузник во губењето на тежината.
Додадете какао и ленено семе
Две здрави состојки како какаото и ленено семе во кафето ќе го забрзаат процесот на слабеење и ќе имаат позитивен ефект врз вашето здравје. Какаото е познато по тоа што го забрзува метаболизмот, додека лененото семе е богато со растителни влакна, па затоа ќе се чувствувате сити подолго време. Ставете една лажичка кафе, половина лажичка какао и половина лажичка мелено ленено семе во шолја. Истурете 200 мл топла вода и добро измешајте.
Додадете малку цимет
Зачинете го кафето со цимет и не грижете се за килограмите! Комбинацијата од антиоксиданси од кафето и овој миризлив зачин ќе го поттикне губењето на тежината со забрзување на метаболизмот. Додадете 1⁄4 лажичка цимет во шолја кафе - без разлика дали е црно или инстант - и промешајте.
Исцедете половина лимон
Комбинацијата од кофеин, лимонска киселина и витамин Ц ги активира хормоните кои согоруваат масти и го забрзуваат метаболизмот, што резултира со губење на тежината. Ова кафе, исто така, го поттикнува отстранувањето на штетните материи од телото и го зајакнува имунитетот. Подгответе го пијалокот така што ќе исцедите половина лимон во шолја црно кафе (без млеко).
Изрендајте мускатно оревче
Кофеинот од самото кафе го забрзува метаболизмот и ги зголемува нивоата на енергија. Кога ќе го комбинирате со морско оревче, неговиот ефект е дополнително засилен. Покрај тоа, мускатното оревче го зајакнува имунитетот и му дава на кафето поинаква, интересна арома. Подгответе го кафето како и обично и додадете прстофат рендано морско оревче во шолјата.
Фото: Freepik.com/Pinterest
Извор: Ona.telegraf.rs