Додека го обвинуваат дека ја изневерува сопругата Фахрије: Бали Бег ѝ посвети најубави зборови за роденденот
Иако згодниот актер од серијата „Сулејман Величествениот“ и неговата сопруга надминаа неколку тешки моменти, наводно сега се соочуваат со голем предизвик
Актерот Бурак Озџивит познат и како Бали Бег и актерката Фахрије Евчен која ја паметиме по улогата на Неџла, важат за најхармоничен и најубав пар на турската јавна сцена, но наводно во нивниот брак деновиве не цветаат рози. Иако си беа најголема поддршка еден на другкога Бурак беше депресивен и кога Фахрије остана без татко, сега се соочуваат со многу тешка ситуација, а виновник е самиот актер.
Имено, славниот Бали бег се зближил со холивудската актерка Тара Рид на снимањето на трилерот „Машина за печурки“, која ја паметиме од филмот „Американска пита“. Неименуван извор од сетот за турските медиуми изјавил дека видела како актерите разменуваат нежност.

„Снимањето заврши, па отидов да си ги земам работите. Ги најдов како се бакнуваат во соблекувалната“ - рекла девојката која работела на филмот.
Но, само пред неколку часа, по повод роденденот на неговата сопруга, Бурак сподели семеен портрет во кој Фахрије и тој позираат со нивниот син Каран и ѝ го честита роденденот.
- Ти посакувам многу среќни и здрави години, моја убава сопруго - напиша Бурак.
Како и да е, Фахрије нема никакви фотографии од нејзиниот сопруг од февруари... Случајност или не?! Велат каде има чад и оган, но дали секогаш?
извор:GLOSSY
Поврзани вести:Цврсто прегрнати: Бали-бег и Фахрие го прославија вториот роденден на нивниот син
Турскиот заводник го промени имиџот: Бали Бег направи драстична промена, социјалните мрежи горат (ФОТО)