„Дом за само 2000 евра, можете да го изградите сами, а наместо цигли се користат стаклени шишиња“: Неверојатна архитектура ги освојува срцата на посетителите

Добивај вести на Viber

Во неколку планински места во Србија сè почесто може да се забележат необични викендици изградени не од цигли, туку од стаклени шишиња. 

Овој иновативен пристап кон градбата станува вистинска атракција и предизвикува голем интерес кај посетителите кои љубопитно прашуваат за тајната на оваа несекојдневна архитектура.

Целата инвестиција за изградба на ваква куќичка чини околу 2.000 евра, што е значително поевтино во споредба со класичните градежни материјали. Освен економската исплатливост, сопствениците нагласуваат дека овие домови се и безбедни за живеење, а животот во нив нуди уникатно искуство.


Најголемата предност, според оние што престојуваат во нив, е светлината – стаклените ѕидови овозможуваат внатрешноста да биде исполнета со природно сончево зрачење, што создава пријатна и топла атмосфера.

Дополнително, фасадата составена од стотици шишиња изгледа необично и привлечно, па овие викендици често стануваат и туристичка атракција.

Архитектите велат дека ваквиот начин на градба не е само креативен, туку и еколошки, бидејќи овозможува повторна употреба на стаклото. Наместо да завршат како отпад, илјадници шишиња добиваат нов живот и стануваат дел од функционален и интересен објект.

Со комбинација на ниска цена, безбедност и уникатен изглед, куќичките од стаклени шишиња стануваат инспирација за многумина кои бараат алтернативни и одржливи решенија за својот дом или викенд-одмор.

РЖМ