Досега 589 лица се излекувани од Ковид-19: Регистрирани се нови 22 пациенти

Добивај вести на Viber

Од почетокот на пандемијата со коронавирус до денес во земјава се оздравени 589 лица. А во изминатото деноноќие се потврдени 22 нови случаи со коронавирус во земјава, со што  вкупниот број на регистрирани лица со Ковид-19 се искачи на 1421.

За жал, според информациите коишто ги соопшти првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче во изминатите 24 часа се регистрирани и смртни случаи, лица кои починале од коронавирус, со ова вкупната бројка на починати изнесува 71.

„ На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.
Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИД-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден“, напиша Филипче.