Две бремености, и плочки на стомакот! Диетата на Јелисавета Орашанин го топи и најупорното сало за 7 дена - еве што појадува секое утро

Добивај вести на Viber

Покрај правилната исхрана, актерката не ја запоставува и физичката активност, иако нема време за теретана. Како што вели и самата – нејзините деца се нејзини приватни тренери

Јелисавета Орашанин, една од најубавите и најистакнати балкански актерки, и по две бремености изгледа затегнато и витко како никогаш да не паузирала од тренинзите. Нејзината фигура привлекува внимание каде и да се појави, а сега се знае како успеала толку брзо да си ја врати фигурата.

View this post on Instagram

A post shared by Jelisaveta Orašanin Teodosić (@jagodenamagli)



По раѓањето на второто дете, Јелисавета ангажирала нутриционист кој и помогнал да го врати претходниот изглед за само два месеци со посебен план за исхрана.

– Благодарение на нутриционистот, побрзо дојдов до поздрав начин на живот и исхрана – изјавила актерката. Нејзиното мени се заснова на зеленчук богат со влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Оваа комбинација не само што и овозможи да ослабе, туку и дава доволно енергија за секојдневните обврски.

Покрај правилната исхрана, актерката не ја запоставува и физичката активност, иако нема време за теретана. Како што вели - нејзините деца се нејзини лични тренери, бидејќи едвај седнува за момент во текот на денот.

За популарноста на оваа актерка говори и фактот што доби мурал на улицата Стојана Протиќ во Врачар. Огромен ѕид сега го краси нејзиниот лик, а минувачите не можат да го сокријат задоволството - колку точно и реално е насликана. Јелисавета живее во близина со своето семејство, но се уште не е познато дали го видела овој уметнички гест на своите обожаватели.

View this post on Instagram

A post shared by Jelisaveta Orašanin Teodosić (@jagodenamagli)


Таа моментално е единствената актерка на која и е посветен ваков мурал и вакво внимание - што само потврдува колку луѓе ја инспирираат, како со изгледот, така и со нејзиниот начин на живот.



ФОТО: Instagram printscreen/jagodenamagli