Еднаш е матура: Дождот не успеа да им ги расипе плановите на овие матуранти - Заиграа и професорите

Во тек се прославите на матури. Матурантите низ земјава со месеци се подготвуваа за овој ден.
Дождот е најголемиот непријател на добрата забава за матурантите. Но иако денешниот дождлив и студен ден не им беше наклонет на ентузијастичните матуранти, тие најдоа свој начин да ја покажат радоста.
На младоста не ѝ пречат ниту временските услови, затоа што младоста е прилагодлива и весела. Ведриот дух на матурантите и желбата да се забавуваат на овој за нив посебен ден издоминира во борбата против природните фактори.
На видео кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како матуранти од македонска гимназија го прославуваат официјалниот крај на својот школски период. Наместо надвор, холовите низ гимназиите беа преполни со весели матуранти, свирачи, а во целата организирана забава се вклучија и нивните професори.
Во коментарите, многумина ја пофалија оваа храбра одлука на матурантите да останат доследни во славењето на матурската вечер и покрај лошото време.
Им прилега на младоста, можеше да се прочита низ коментарите по социјалните мрежи.
Извор: Фејсбук