„Економските фактори се најчестите причини за развод, како адвокат секогаш советувам спогодбен развод“: Разговор со м-р Владимир Бангиевски

Добивај вести на Viber

Разводот е честа тема во секојдневните разговори, но и демографските експерти често потенцираат дека постои континуиран раст во стапката на разводи во Македонија. 

Адвокатот м-р Владимир Бангиевски од своето долгогодишно работно искуство како адвокат, за „Женски магазин“ ги откри најчестите причини со кои тој се соочил, а се покажале како пресудни фактори за ослабнување на брачната заедница.

Според него најчестите фактори се од економска природа, но значајно место имаат и новите животни трендови, како брзото живеење, намалената комуникација помеѓу брачните партнери, неусогласеноста на родителските ставови, како и прељубата, но и семејното насилство кое е во зголемен обем последните неколку години. 

За „Женски магазин“ Бангиевски откри и кој почесто се одлучува да ја прекине брачната заедница, но и што тој како адвокат советува кога ќе дојде до нужен развод, дали е тоа спогодбен развод или тужбен развод и која постапка е поевтина и поефикасна. 

Целиот разговор проследете го во продолжение:


Магдалена Стојмановиќ