Ема од „Спајс Грлс“ се омажи по 20 години врска: На венчавката блескаа од љубов како на првиот ден

Добивај вести на Viber

Членката на групата „Спајс грлс“, пејачката Ема Бантон (45), попозната како Бејби Спајс, се омажи за Џејд Џонс по 20 години врска.

Ема ги сподели среќните вести на социјалните мрежи и му објави на светот со фотографија од венчавката дека се омажи.

Таа на церемонијата носеше венчаница, превез и бидермаер, додека Џејд носеше јакна Гучи, црна маица и бели панталони.

Ема и Џејд позираа прегрнати, со потпрени глави и со широки насмевки, а судејќи според фотографијата, тие се пресреќни за венчавката по 20 години љубов.

„Господин и госпоѓа Џонс“, напиша Ема со емотикони срциња, а честитките во коментарите постојано доаѓаа.


Да потсетиме, Ема е со Џејд од 1998 година, а тие се верија во 2006 година и имаат два сина.




Фото: Инстаграм/Ема Бантон/Youtube/screenshoot

Moжеби ќе ве интересира:

Викторија Бекам би ги забранила: Фотографии кои за нејзина несреќа ќе кружат на Интернет засекогаш