ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА НЕ Е ПОВОЛНА ЗА РАБОТА НА ГРАДИНКИТЕ:Директорката и сопственичката на приватната градинка добија кривична пријава

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска ќе издаде решени за збрана за работа на приватната градинка, за која вчера повеќе надлежни инстиотуции констатираа дека работи во услови на пандемија, што е директно прекршување на протоколите. Инаку, градинката веднаш прекинала со работа, а директорката и сопственичката на градинката добија кривична пријава поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата.
-Решението за забрана на работа на приватна градинка е според членот 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести, а во врска со одлука за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, Ковид 19. ДСЗИ во рамки на своите ингеренции, вчера направи вонреден инспоексиски надзор во приватната градинка, при што беше констатирано дека има присустни 8 деца. Таму веќе беа пристигнати птертррставници од Министерството за труд и социјална политика, во чија надлежност се градинките, како и претставници од МВР, односно од полициската станица Карпош. Додека траеше надзорот беа повикани родителите на децата за да си ги земат, вели директорката на ДСЗИ, д-р. Ирина Бухова.
Инаку, уште пред еден месец преставници од приватните градинки биле на состанок на Комисијата за заразни болести да побараат одобрување за работа, но членовите на Комисијата децидно ги одбиле нивните барања со образложение дека епидемиолошката состојба не дозволува такво нешто.
-Ако сметавме дека треба да работат градинките, прво ќе препорачавме да бидат отворени вратите на државните градинки. Дискутиравме за тоа пред еден месец уште, но епидемиолошката состојба не е поволна за да почнат да функционираат. Го разбираме и економскиот момент, и дека самите родители нема каде да ги згрижуваат децата, но не е моментот за нивно функционирање. Се зголемува бројот на позитивни деца на вирусот. Оваа установа не смеела да помисли да работи, со ова се прекршени протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, вели д-р. Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар и член на Комисијата за здравство.
Истовремено, тој информира дека моментално во Ковид-центарот 2, односно во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се хоспотализирани 9 мајки и 11 деца позитивни на Ковид-19. Вели дека има и тројца тинејџери, згрижени во Малите групни домови.
А.Буховски