Европски аеродроми кои ги воодушевија патниците: Дали македонските се на листата?!

Добивај вести на Viber

Патниците кои сакаат помалку стрес ова лето треба да ги избегнуваат големите европски аеродроми како Париз и Лондон – покажува најновото глобално рангирање на аеродроми.

Додека милиони Европејци се подготвуваат за летните одмори, ново истражување открива кои аеродроми нудат најбезбедно и најпријатно искуство, а кои, напротив, би можеле сериозно да го стават на тест вашето трпение.

Организацијата AirHelp, која се занимава со заштита на правата на патниците, ја објави својата годишна листа на најдобри аеродроми во светот, оценувајќи ги според точност на летовите, задоволство на патниците и квалитет на услугите.

Додека големите чворишта како аеродромот Шарл де Гол во Париз и Гетвик во Лондон добија слаби оценки, помалите европски аеродроми покажаа високо ниво на доверливост и грижа за патниците.

Најдобриот аеродром во Европа е Флесланд во Берген, Норвешка, кој се најде на 9. место глобално. Високо се рангирани и Билбао во Шпанија (16. место), Бодо и Осло Гардермоен од Норвешка (23. и 28. место), како и Кефлавик во Исланд (30. место).

Интересно, аеродромот во Луксембург, иако само на 130. место глобално, има највисока оценка за задоволство на патниците во Европа – 9,0. Аеродромот Схипхол во Амстердам беше најдобро оценет за храна и пијалаци (8,3).

Франција и Британија се меѓу најслабите, додека најлош европски аеродром е Дијагoрас на Родос, на 249. место (од вкупно 250), со само 5,8 оценка за точност. Единствениот полош е аеродромот во Тунис.

AirHelp рангира според:

  • точност на летови (60%) – летови кои слетале или полетале во рок од 15 минути од предвиденото време,
  • искуство на патниците и
  • услуги на аеродромот (по 20%).

Истражувањето опфатило 13.500 патници од 58 земји, во периодот од 1 јуни 2024 до 31 мај 2025 година.

Заклучокот е јасен: ако сакате помалку стрес ова лето, патувајте преку помали регионални аеродроми во Скандинавија, каде шансите за пријатно и навремено стигнување се значително поголеми. Македонските аеродроми сепак не се најдоа на оваа листа. 

Извор: Euronews.com