Флопи и Каспер главна тема во светските медиуми: Ројтерс за жирафите од Скопје ЗОО (ВИДЕО)
фото: принтскрин / ФБ профил Зоолошка градина Скопје
Флопи, Каспер и освежувањето на жешките температури се главна тема на светските медиуми. Грижата за животните во летниот период е многу важна - посочија од Скопје ЗОО.
Деновиве Reuters објави прилог за жирафите од скопската Зоолошка градина, поради интересниот начин на кој тие уживаат во замрзнат десерт бидејќи температурата во Македонија се искачи на скоро 104 степени Фаренхајт (40 степени).
Пеколните горештини се премногу и за жителите на скопската Зоолошка градина, а начините за разладување во текот на летните периоди кои ги применуваат луѓето, ги обожаваат и животните.
Неодамна од Скопје ЗОО објавија дека сладоледот е еден од омилените летни засладувачи како за нас, така и за животните.
А жирафите Флопи и Каспер добија убав витамински слдолед за разладување - со мраз, кромид, јаболка, морков и замислете, тие го обожаваат.