(ФОТО) Гледајте ги своите семејства: Карлеуша дрско удри по медиумите

Иако сме донекаде навикнати на нејзината “безобразност“ и на тоа дека нема влакна на јазикот, Јелена Карлеуша, овојпат отиде чекор подалеку. Дрска како никогаш досега, им се обрати на медиумите во Србија и на Балканот, бранејќи ја нејзината приватност.
Ова е нејзиното отворено писмо, па проценете сами:
„Драга Србијо ... и другите околни Републики ...
Никогаш медиумите во Србија не се бореле толку отворено да уништат едно семејство, еден брак. Изгубена е секоја граница и вкус, во толку отворено девијантно навивање да се чувствувам лошо! Ова отворено навивање на разни болни Информатори, Курири, итн. е индикација за вистинското лице на овие таканаречени новинари и нивните уредници. Тоа е полусвет каде уредниците имаат вонбрачни деца и проповедаат лажни морали. Тажната вистина е дека новинарството во Србија одамна го допре дното и дека болните таблоиди и нивните девијантни вработени отворено сеат омраза, зло, отров против секој кој се спротивставува на нивната болест. Нека разберат Србија и Балканот - мојот брак е моја работа!!!!!
Дали се разбравме? Гледајте ги вашите семејства и водете сметка за вашите животи! Доста ја плакнете устата со МОЈОТ ЖИВОТ!“
Понатаму во отвореното писмо, Карлеуша на дрзок и вулгарен начин им се обраќа на медиумите, велејќи дека доста зло и направиле досега, а ако некој треба да ги соопшти деталите за нејзиниот брак, ќе биде самата таа затоа што, само таа ја знае вистината за нејзиниот приватен живот.