(ФОТО) Принцот Вилјам, Кејт Мидлтон и нивните деца го предводеа „Аплаузот за поддршка“: Милиони Британци излегоа да ракоплескат

Добивај вести на Viber

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца сите oблечени во NHS сино, ја предводеа петата недела по ред од „Аплауз за поддршка на клучните работници“. Милиони Британци бучно ги поздравија клучните работници од пред нивните врати.

Оние за кои се аплаудира, се во првите редови во борба против коронавирусот и вклучуваат персонал на супермаркети, служби за итни случаи, наставници.

Кралската двојка застана заедно со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис и раскоплескаа, оддавајќи почит од здравствените работници во NHS, до продавачи во маркети кои си го ризикуваат животот.

Вилијам и Кејт  за оваа недела најавија нова иницијатива за поддршка на клучните работници преку обезбедување на посветен систем за поддршка на менталното здравје.

Петта последователна недела, луѓе од целата земја излегоа на нивните врати да ракоплескаат една минута како благодарност за храбриот персонал во првите редови во борбата против коронавирусот.

 Премиерот Борис Џонсон - кој сè уште закрепнува од вирусот, исто така излезе да ракоплеска со вереницата Кери Симондс.

Принцот Чарлс и Камила исто така оддадоа почит.

Почит оддадоа и полицајци, самите здравствени работници и милиони обични граѓани.

London Eye осветлено во NHS сина


извор: DailyMail