Ги „полуде“ дамите: Овој мускулест маж е новиот министер за туризам на Израел (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Израелскиот министер за туризам е новата sвезда на социјалните мрежи, а засè се одговорни- неговите стомачни!

Не гледаме честопати политичари кои се спортски изградени, така што секој таков што ќе се појави веднаш го привлекува вниманието на јавноста. Така, видеото на израелскиот министер за туризам, Џоел Разозов, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

„Заборавија да ни го кажат ова - Разозов е најзгодниот министер за туризам што некогаш сме го имале“, гласи описот на видеото, на кое се гледа како човек излегува од вода, со даска за сурфање.

И не е изненадувачки што Разозов (40), инаку член на партијата на Џаир Лапид, има такво „извајано“ тело, имајќи предвид дека претходно успешно вежбаше џудо, и ја претставуваше земјата на европски и светски натпреварувања, како и на Олимписките игри.


Откако имаше неколку значајни повреди, тој реши повеќе да не спортува, па влезе во политиката. И покрај тоа, тој сепак редовно вежба и сурфа, а доказ за тоа е и најновото видео!

На состанокот во кабинетот во саботата, новиот израелски премиер Нафтали Бенет рече: „Џоел, престани да ги срамиш мажите пред нивните жени“. Разозов брзо одговори: „Јас само ги промовирам израелските плажи“.



Фото: Твитер и Фејсбук