Главно со маски, граѓаните во храмовите го одбележаа Велики Петок (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Главно со маски на лицата, граѓаните ги наполнја верските храмови за одбележување на Велики Петок, или, како што го нарекуваат најтажниот ден во христијанството. 

Премиерот Зоран Заев претходно повика граѓаните да се помолат главно од своите домови, и да не одат внатре во храмовите. 

Велики петок се смета за најтажен ден на христијанството, бидејќи на тој ден Исус Христос беше осуден и распнат на Голгота.

Се верува дека на овој ден, римскиот прокуратор Понтиј Пилат го осудил Исус Христос да биде распнат на крст. На тој ден, Исус бил однесен од куќата на првосвештеникот Кајафа и распнат на Голгота, каде што починал. Додека ги гледаше што прават војниците и луѓето со неговиот живот, тој рече само кратко: „Прости им на Боже, бидејќи не знаат што прават”.

Фото: Вангел Тануровски