Го пронајде синот кој беше киднапиран пред 24 години: Поминал повеќе од 500.000 километри со мотор за да го најде
Неговиот син беше киднапиран во 1997 година, а по него тој трагаше возејќи мотор во повеќе од 20 провинции низ
Кина
Кинезот Гуо Гангтанг го пронајде својот син кој беше киднапиран пред 24 години. Според Би-Би-Си, тој поминал повеќе од 500.000 километри со мотор за да го најде.
Синот на Гангтанг беше киднапиран пред 24 години пред семејна куќа во провинцијата Шандонг, киднапиран од двајца шверцери на луѓе.
Киднапирањето на неговиот син служеше како мотив за филм во 2015 година.
Киднапирањата на децата се голем проблем во Кина, каде годишно се киднапираат неколку илјади деца.
Министерството за јавна безбедност соопшти дека полицијата го пронашла киднапираното дете со помош на ДНК анализа. Подоцна беа пронајдени и уапсени двајца осомничени за киднапирање.
Жената, која за време на киднапирањето била во врска со осомничениот маж, го видела момчето додека си играло само пред семејната куќа и го однела на автобуската станица. Нејзиниот тогашен партнер ја чекал таму.
Синот на Гангтанг беше киднапиран во 1997 година, а тој по него трагал возејќи мотор во повеќе од 20 провинции низ Кина. Залепил постери со фотографии од неговиот син и ја потрошил целата заштеда. Спиел под мостови и просел кога ќе останел без пари.
Барајќи го синот, тој станал истакнат член на кинеската организација за потрага по исчезнати деца, а досега помогнал во решавање на седум случаи.
Фото: Shutterstock
Moжеби ќе ве интересира:
Мајка со двете ќерки исчезна без трага во 1985: По триесет години, оваа приказна доби шокантен пресврт!