Го славиме Полагањето на ризата на Пресвета Богородица: За среќа и здравје пред спиење правете го ова

Добивај вести на Viber

Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. 

Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. 

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.

Зошто ја славиме ризата на Пресвета Богородица? Затоа што сè што се однесува на Пресвета Богородица е достојно за пофалба затоа што таа ги носеше Спасителот и Господ Исус Христос под ризата, во нејзината чиста девствена матка. Нејзиното тело беше осветено и нејзината душа беше осветена, така што и нејзиното одело ја прими таа светост.

Не заборавајте да го споменете името на Пресвета Богородица пред спиење! Не заборавајте да ја прочитате познатата молитва „Дева Марија, радувај се, блажена Марија, Господ е со тебе! Блажена си, жена, и благословен е плодот на твојата утроба, затоа што го роди Спасителот на нашите души!