Гоца Тржан на полнолетството на ќерката ги расплака сите: Падна емотивна на колена и запеа

Добивај вести на Viber

Синоќа во луксузен ресторан во Белград се одржа гала прослава по повод 18-тиот роденден на Лена Маринковиќ, ќерката на пејачката Гоца Тржан.

Се беше како од бајка, а на прославата се појавија многу колеги на Гоца, познати личности.

Лена Маринковиќ за оваа пригода облече краток фустан од тантела . Таа израсна во вистинска убавица.


Гордата мајка Гоца Тржан и нејзиниот очув Раша Новаковиќ цело време беа покрај славеничката и се трудеа да и направат прослава која ќе ја памети цел живот.

Колку е горда и среќна Гоца на својата ќерка, може да се види од видеата кои ги објави на Инстаграм. Судејќи по нив, пејачката била многу емотивна, емоциите им ги пренела на гостите, кои коментирале дека ги расплакала. Имено, мајката Гоца го зела микрофонот и пеела на полнолетството на нејзината ќерка. Со песната „По мом срцу ходај“ Гоца клекна на колена пред ќерката пеејќи емотивни стихови. А Лена клекна покрај мајка си не одвојувајќи се од неа.


Ова на својата приказна го сподели и Сања Маринковиќ, моментот кога Гоца го испеа еден од нејзините најголеми хитови, признавајќи дека Гоца ја расплакала.

- Знаев дека ќе ме расплаче...

Гостите на галата ги забавуваа познатите пејачки Милица Павловиќ, Тања Савиќ, Саша Ковачевиќ и бендот Лексингтон.


- Од време на време ја оставам ќерка ми на училиште. Лена го започна првото одделение во 15-та белградска гимназија. Јас сум исклучително горда на неа. Таа е одлична, има добро друштво. Добро ѝ оди. Таа е многу независна. Тоа е најважно – изјави Гоца пред две години.

Таа оди во државно училиште, да. Беше шок за сите, моето дете оди во државно, замислете... Зошто не е во приватно, оти нема потреба. Здрава, прва, снаодлива, тоа е тоа – изјави во една прилика пејачката за медиумите.


ФОТО: Инстаграм принтскрин