И кога не е покрај неа, Сара остана Ана да ја прегрнува преку спомените

Добивај вести на Viber

Секоја фотографија со Сара Пројковска за Ана Костадиновска е како мала рана што не заздравува. Иако помина време од страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која згаснаа многу млади животи, меѓу нив и талентираната вокалистка Сара – болката кај најблиските останува иста.

Ана често споделува заеднички моменти од нивното пријателство, како потсетник дека љубовта и спомените продолжуваат да живеат и кога физички веќе не се тука. И секоја објава носи исто тивко, но многу силно „ми недостигаш“.



Двете прекрасни жени и одлични вокали ги врзуваа бројни настапи, музички соработки, но пред сѐ – искрено пријателство. Ана ја носи Сара во секој чекор, во секоја песна, и не дозволува нејзиното име да избледе.

Затоа и оваа фотографија, пропратена само со скршено срце, кажува повеќе од илјада зборови – дека вистинските луѓе не се забораваат, а љубовта кон нив станува засекогаш дел од нас.


РЖМ/ИС

ФОТО: Ана Костадиновска-инстаграм стори