Има 19 години, а на неа ништо природно: Тамара потрошила милиони за операции и не планира да запре
Нејзината цел е да има најтенка половина на светот
Самопрогласената принцеза од Беверли Хилс, Тамара, неодамна наполнила 19 години а веќе имала над 10 операции и разни помали естетски зафати. Иако веќе скоро ништо на неа не е природно, таа нема намера да запре тука.
Таа вели дека месечно добива 20.000 долари од нејзиниот богат татко. Покрај тоа, вели таа, неодамна имала и роденден за кој татко и и подарил 50.000 долари.
„Тие пари ги потрошив на зголемување на градите и подигнување на задникот. Релативно неодамна направив операции на носот и уште неколку операции“, вели Тамара.
Нејзината цел, како што вели, е да има најтенка половина на светот. Така да, таа неодамна посетила доктори со намера да и се отстранат две ребра, што ја одбиле со предупредување дека постои опасност од заболување како и добивање сколиоза.
И покрај предупредувањата, таа нема намера да се откаже од својата идеја и ќе продолжи да бара доктори кои сакаат нејзината идеја да ја применат во пракса.
Тамара се стекна со одредена „слава“ на социјалните мрежи, но и во медиумите, веќе на 17-годишна возраст, појавувајќи се во високо гледаното шоу на д-р Фил. Тогаш нејзината мајка ја донесе на доктор, загрижена бидејќи нејзината ќерка постојано оди на операции и разни процедури.
Сепак, зависноста од хирушки зафати на Тамара сè уште трае.
Извадила 4 ребра и вбризгала 500 дози ботокс: Сакав да личам на Ким, сега горко се каамИзвор: стил.курир.рс