Искривени тела, ѕидови, столови: Познати српски sвезди кои се „заиграле“ со Фотошоп (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Зорана, Милица Павловиќ, Ана Николиќ, Маја Николиќ и Дара Бубамара се само дел од јавните личности кои станаа предмет на потсмев на социјалните мрежи поради лошиот Фотошоп.

Општопознато во денешно време е дека јавните личности ги уредуваат фотографиите на Фотошоп, со филтри и ефекти, како би изгледале совршено, но многумина од нив знаат и да претерат, до степен на непрепознатливост, па дури и да направат катастрофални грешки кои ги оддаваат дека менувале нешто на своето тело. Па така за да ја намалат половината, ги извртуваат ѕидовите, столовите, или го деформираат  целото тело.

На Инстаграм - убави, згодни, средени од глава до петици, а во реалноста сликата сепак е поинаква, и не дека не се убави во реалност, туку лажно се претставуваат на социјалните медиуми. 

Зорана Јовановиќ, Маја Николиќ, Ана Николиќ, Дара Бубамара, Милица Павловиќ се само некои од славните кои се најдоа на мета поради претеран фотошоп.

Ана Николиќ изгуби многу килограми последните месеци, но се чини дека не ѝ е доволно, па продолжува да ги издолжува нозете, со цел визуелно да изгледа поубаво. Сепак, при таа проценка, пејачката малку се изгубила, и ги издолжила нозете, така што се чини дека носи најмалку три или четири броја поголеми сандали.

И покрај бројните лајкови и пофални зборови, некои од обожавателите се пошегуваа на сметка на пејачката, оставајќи многу интересна забелешка во коментар.

- Изгледа дека Ана носи сандали бр.50… Лош фотошоп - беше еден од коментарите.

Не е единствена, тука е и Дара Бубамара која ги коригира скоро сите нејзини фотографии. Многумина би рекле дека оваа пејачка може да ја преземе титулата „Кралица на Фотошоп“ - од стеснување на половината и бутовите до издолжување на нозете и пеглање на лицето.

Овде се придружува и пејачката Маја Николиќ, која ја стеснила својата половина, ама заборавила на столот, со што нејзината рака изгледа нереално.

Милица Павловиќ важи за една од најубавите пејачки на јавната сцена, а според мислењето на многумина, не ѝ треба апликација за уредување фотографии, но пејачката сепак мисли поинаку.
Иако изгледа сосема природно, јасно е дека ни бебињата немаат толку мазна и испеглана кожа, како онаа на фотографијата.

Инфлуенсерката Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, е исто така една од оние кои користат премногу Фотошоп.

На претходната фотографија би се рекло дека изгледа беспрекорно, но реалноста е поинаква.


Втората слика покажува дека нејзиното лице не е како на претходната, градите се видливо помали, а половината е многу поголема, па затоа стана предмет на потсмев. 

 извор: 24sedam.rs