„Како да доживеале мозочен удар“: Еве како изгледаат жените неколку месеци откако примениле ботокс (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Иако ботоксот се рекламира како брзо и ефикасно средство за подмладување, сè поголем број жени сведочат за сериозните последици кои им ги нарушиле здравјето и самодовербата. 

Наместо мазна кожа и младешки изглед, тие преживеале вистинска агонија со месеци по интервенцијата.

Една од најчестите реакции, според нивните сведоштва, е спуштање на едниот очен капак – состојба која не само што го нарушува изгледот, туку создава и големи тешкотии во секојдневието. 

Додека едното око е спуштено, другото се отвора до крај, што на жените им предизвикува невозможност да го затворат целосно. Токму поради тоа, тие опишуваат дека изгледаат како да доживеале мозочен удар, што дополнително носи осуда и непријатни прашања од околината.

View this post on Instagram

A post shared by Estetic portal (@estetic.rs)


Многу од нив велат дека првите недели по вбризгувањето помислиле дека реакцијата е привремена и дека ќе се повлече сама од себе. Но, мачната состојба траела со месеци, оставајќи ги во постојана анксиозност и очај.

 Некои од жените признаваат дека не излегувале од дома поради страв од реакции, додека други биле принудени да се откажат од работа што бара јавни настапи.

Искуствата на овие жени се сериозно предупредување дека ботоксот не е безопасна „убавинска магија“, туку ризична интервенција која може да остави трајни последици.