Животна училница // Приказни
„Изгубивме голем професионалец и прекрасен пријател“: Јавноста се простува од починатата новинарка Валентина Базерко

Новинарската кариера Валентина Базерко ја започна во „Млад борец“, а потоа продолжи во Македонското радио.
Борец за правда и професионализам, беше дописник од Тајван и известуваше од бројни меѓународни конференции. Како партизанска внука и ќерка, и покрај животните удари, остана посветена на новинарството, на негувањето на македонскиот јазик и современиот радио израз.
Колегите од сите медиуми се простуваат со тага од неа, препознавајќи ја како исклучителен професионалец. Пријателите велат дека изгубиле добар и искрен пријател, а новинарството – голем човек и вистински глас.
Базерко беше домаќин на голем број јавни личности, политичари и уметници, кои преку изјави за жалење потврдија колку голема загуба претставува нејзиното заминување.
Фото извор: Facebook