Актуелно // Insta вести
Извајано мускулесто тело во преден план: Давид Темелков ужива на Бали (ФОТО)
- 22 Ноември, 2023 12:44

Згодниот пејач ужива во убавините на Бали
Македонскиот пејач Давид Темелков кого публиката го запозна по учеството на втората сезона на регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ како еден од фаворитите, години наназад, гради успешна кариера во Хрватска, каде и стапи во брак со својата избраничка Елена Јунг.
Овој пат Давид објави дека ужива во убавините на Бали. Во прв план е неговото извајано мускулесто тело, кое е негов заштитен знак.