Ја објави оваа фотка од мене на Фејсбук: Истиот ден започнав диета, а ова сум јас една година подоцна
Фото насловна: Profimedia
- Тежев 145 килограми и точно знам кога и како ги собрав.
Меѓутоа, кога ме фотографираа на забавата и кога ја видов мојата фотографија, решив дека треба да ослабам по
секоја цена.
Така ја започнува својата приказна Лора Нил (32) од Шкотска. Таа вели дека се здебелила по смртта на нејзиниот татко, кога нашла утеха во храната.
- Се помирив со фактот дека засекогаш ќе имам прекумерна тежина, а потоа мојата пријателка ме фотографираше на нејзината веридба и ги објави сликите на Фејсбук. Бев згрозена од самата себе и решив дека морам да направам нешто - вели Лора.
- Јас секогаш бев буцка, но никогаш немав такви проблеми со килограмите до смртта на татко ми. Тој почина кога имав 21 година, а мојата морбидна дебелина трае од тогаш - вели таа.
- Лекарите ме предупредуваа пред години дека треба да ослабам ако сакам деца, но не направив ништо додека не ја видов таа хорор фотка. Веднаш откако ја видов на Фејсбук, престанав да јадам брза храна и започнав да готвам - вели Лора.
- Ми требаше малку време да влезам во шема, но бев решена да го средам тоа. Најдов рецепти за диети, ги заменив сите состојки, го елиминирав маслото од исхраната, користев свежа храна наместо лименки и тегли - вели таа.
Килограмите се стопија, а нејзината самодоверба се зголеми.
- Јас дури и не излегував претходно затоа што се срамев од својот изглед и сите зјапаа во мене. Сега конечно можам да имам социјален живот. Порано никогаш не дозволував никој да ме фотографира, сега со задоволство стојам пред објективот - заклучува таа.
Таа изгуби неверојатни 76 килограми и конечно успеа да забремени. Сега, вели таа, конечно е целосно задоволна од својот живот.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Ребел ослабе над 30 килограми, сите го гледаат нејзиното лице: Луѓето ги зумираат фотките на актерката и имаат само еден коментар