Го крстија бебето „Санитар“: Родители ја одбележуваат пандемијата со уникатни имиња за своите бебиња

Има многу работи што веројатно ќе ги запомниме од ова време, но неколку семејства ја одбележаа оваа пандемија со уникатни имиња за своите бебиња. Прво, беше парот кој ги именуваше своите близнаци Ковид и Корона, а потоа, тука беше и жената која го именува своето бебе Ковид Брајант, но сега брачна двојка од Утар Прадеш, Индија, следејќи го глобалниот тренд на пандемиско име на бебиња, и крсти својот син со уште едно уникатно име: Санитар (Sanitiser).
Бебето е родено на 12 април.
Таткото на новороденчето, Омвер Синг, изјави за „Дечан Хералд“ дека го одбрале името како „придонес“ за борба против ширењето на коронавирусот. Таткото истакна колку е суштински санитерот (дезинфекционото средство) во борбата и е горд што неговото дете ќе го испочитува тоа. „Сите се борат против овој вирус ... од нашиот премиер до обичните луѓе ... ова (Санитар) е наш придонес", објасни тој.
Таткото исто така сподели дека името е симбол на заштита од борбата.
Родителите сметале дека санитерот '’е еден од најдобрите начини да се заштитите од инфекција со коронавирус“, продолжи Синг. ( Дезинфекција на рацете се препорачува само ако миењето на рацете не е достапна опција.)
Сепак, за Синг, името сè уште симболизира важна алатка во борбата. „Ќе го паметиме овој период (карантинот), кога ќе го изговориме неговото име“, рече тој за Дечан Хералд.
И други родители се придружија на трендот на уникатно име на бебе во време на коронавирус.
Рагунат Мали од округот Деорија во Утар Предеш го именувал своето бебе Локдаун. Бебето Локдаун е роден на 6 април, Мали е инспириран од 21-дневниот карантин (lockdown) во Индија.
Кој знае кога конечно ќе се искорени овој страшен вирус, но, овие приказни се доказ дека ќе видиме повеќе уникатни имиња на бебиња инспирирани од вирусот во иднина.
извор: cafeMom