Ја празнуваме св. Агрипина: Жени денеска важно е да ги направите овие работи

Добивај вести на Viber

Света Агрипина била родена и порасната во Рим, каде што уште во младоста ѝ го посветила целиот свој живот на Бог.

 Како искрена христијанка, за време на прогоните во времето на императорот Валеријан (253–260), била подложена на тешки маки и маченички го завршила својот живот за Христовата вера.

По нејзината смрт, три побожни жени – Васа, Павла и Агатоникија – го зеле нејзиното свето тело и го пренеле на Сицилија. Таму, преку нејзините мошти, се случиле многу чуда и исцелувања кај оние што со вера ѝ се обраќале на Света Агрипина, барајќи застапништво пред небесниот младоженец – Христос.

На денешниот ден, според народното верување, жените треба да се воздржат од чистење на домот, перење и напорна физичка работа. Наместо тоа, се препорачува денот да го посветат на молитва – особено за здравје, духовна сила и заштита на семејството. Се верува дека молитвата кон Света Агрипина на овој ден е особено силна и носи благослов, посебно за жените.

Затоа, оставете ги денеска метлата и крпата, запалете свеќа и побарајте мир, здравје и надеж.