Јелена Карлеуша отворено за бракот и своите маани: Би го дала животот за мојот Душко

Добивај вести на Viber

- Кога луѓето се заедно во добро и лошо, кога сакате да го дадете својот живот за некого, тогаш тоа е вистинската работа - истакнува Јелена.

Оваа година Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одбележаа 15 години врска, од кои 13 години брак.

Како што истакна поп-sвездата, по тој повод немало големи прослави, а на свој начин објасни што е тоа „рецепт за среќен брак“.

- Душко и јас сме заедно 15 години. Ние веќе престанавме да го славиме затоа што, по 15 години, некако станува нешто што не се слави. Како роденден, кога имате над 40 години (се смее). Мислам дека кога станува збор за Душко, тој најмногу ме сака без шминка, без никакви додатоци што ја валкаат кошулата, лицето, навлаката за перници... Туку, кога јас сум јас, и тоа е некаде најважно за една жена, дека човек што те сака, те сака каков што си навистина. Затоа што ова, ова не сум јас, ова е мојата работа - истакна Карлеуша за Стори.

- Никој не е совршен, нема совршени. Јас не сум совршена. Сите имаме недостатоци, а јас имам најмногу.  Поентата е да прифатиш некого и да сакаш некого со сите тие маани. Ако го барате идеалот, тешко е да се најде. Ако премногу филозофирате, ќе останете сами. Треба само да пронајдете рамнотежа, така што добрите работи ќе бидат поизразени од лошите, и поработете на тоа, на комуникација. Понекогаш недостатоците можат да бидат многу интересни. Моите се многу заебани... - рече таа.

На прашањето да каже еден од нејзините недостатоците што се привлечни, таа одговори:

- На пример, знам да бидам многу разгалена... Мажите генерално преферираат разгалени од оние кои самите ќе си ги носат торбите. Јас знам да бидам принцеза, колку и да го нервира Душко, му е слатко и симпатично. 

На прашањето за рецептот за среќен и долготраен брак, Јелена истакна:

- Кога луѓето се заедно во добро и лошо, кога сакате да го дадете својот живот за некого, тогаш тоа е вистинската работа... Тој е некој за кого би го дала животот - истакна Карлеуша.

ВИДЕОТО ОВДЕ

извор:telegraf.rs

Нема да верувате на која песна Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ за прв пат се бакнале: Ова е нивната љубовна приказна