Јованка Житарова - Јова ја покажа витката фигура: Пејачката ужива во Охрид (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Јованка Житарова - Јова моментално ужива во благодатите на летото. Таа со двете дечиња одмора во убавиот Охрид.

Летните горештини Јованка ги искористи да ја направи и најновата фотосесија. Како што вели обожува да престојува во македонскиот бисер и ѝ е драго што странските туристи се вратиле во Охрид.

-Секоја прилика ја користам да заминам во Охрид и затоа не гледам причина сега, кога е најтопло да не бидам таму. Да, точно е дека едно е езеро, а сосема нешто друго е море, но за мене Охрид е незаменлив. Што му недостасува? Се си има, наш си е-вели Јованка за ММС.  


Јованка вели дека предност во нејзниот живот имаат нејзиниот две среќички - дечињата Зои и Картер а токму нивната желба била повод да заминат на водени лудории во Охрид.

Пејачката по пауза од 10 години повторно се врати на сцената со темата „Сама своја среќа“ на Роберт Билбилов. Планира сериозно да ѝ се посвети на кариерата и да снима песни кои ќе ја претстават во поинакво музичко светло. Житарова една деценија живееше на Алјаска. Пред две години се разведе од сопругот и со своите близнаци се врати во Македонија.


Бев разделенa од децата, Велигден ќе го славиме заедно: Пејачката Јованка Житарова - Јова за Женски магазин