КАФЕТО ПОСКАПЕ: Дали на ова штедат Македонците?

Иако кафето поскапе поради неколку глобални фактори и цените во кафулињата сега се повисоки, од угостителските објекти кои ги контактиравме во различни градови, велат дека македонските граѓани не штедат на кафе. Тоа им е омилено и без разлика на покачувањето на цената, сепак уживаат да пијат кафе. Од кафулињата велат дека нема некои промени во однос на потрошувачката.
„Сè е исто. Немаме забележано промени. Луѓето не штедат на кафе“, велат од скопско кафуле.
Во туристичкиот град Охрид објаснуваат дека за странците не е проблем повисоката цена на кафето, но истото важи и за голем дел од локалните жители.
„Околу празниците не сме забележале некоја разлика, луѓето си трошат. И нашите граѓани не штедат кога е во прашање кафето“, велат од охридско кафуле.
Истото го тврдат и во Струмица. Кафето се смета и за момент за дружба и социјализација, ритуал од кој луѓето не се откажуваат.
„Нема разлика. Пијат кафе независно од цената. До 100 денари има кафиња во Струмица. Луѓето не штедат на такви работи“, додаваат од струмичко кафуле.
Повеќе на темата прочитајте на ФАКТОР.