Како да се разлади стан без клима уред: Генијален трик со шише вода што го користат Германците
Кога ќе пристигне летната жега, престојот во стан без климатизација или дури и вентилатор може да се претвори во вистинска мака. Сепак, постои едноставно решение кое не бара дополнителни трошоци - и доаѓа директно од Германија. Трикот се нарекува „ладење со шише“ (Flaschenkühlung), а се состои обично од пластично шише со ладна вода како природен клима уред.
Што ви е потребно?
*Пластично шише од 1,5 литри
*Вода од чешма
*Замрзнувач
*Сад за собирање кондензација
Наполнете го шишето со вода, но оставете околу 20% празен простор за да не пукне кога ќе замрзне. Ставете го во замрзнувач преку ноќ. Наутро, ставете го замрзнатото шише на повисока полица, плакар или некоја подигната површина во просторијата. Обавезно ставете сад под него бидејќи кондензацијата ќе се исцеди додека мразот се топи.
Како функционира?
Трикот се базира на едноставен физички принцип: како што мразот се топи, тој „влече“ топлина од околината за да се промени од цврста во течна состојба. На овој начин, просторот се лади. Студениот воздух е потежок, па затоа природно паѓа кон подот, создавајќи освежителен ефект - особено во помали простории.
Термографските тестови покажуваат дека едно замрзнато шише може да ја намали температурата во просторијата за 1 до 3 степени, а ефектот трае помеѓу 3 и 5 часа, во зависност од големината на просторијата и условите.
Како дополнително да се разлади простор без климатизација?
Доколку сакате уште поефикасно ладење, еве неколку дополнителни совети:
Паметно ракување со прозорците: Во текот на најжешките часови (од 12:00 до 18:00 часот) држете ги прозорците затворени и спуштете ги ролетните или завесите, особено на сончевата страна од станот. Отворајте ги прозорците само навечер или рано наутро кога е попријатно надвор.
Влажни крпи: Обесете малку влажни крпи во средината на собата. Како што водата испарува, таа ја намалува температурата на воздухот - слично на принципот на испарувачките клима уреди.
Растенија на прозорците и терасите: Покрај тоа што создаваат сенка, растенијата го ладат воздухот со испарување на водата и помагаат да се спречи директно пренесување на топлината однадвор во станот.
Фото: Freepik.comИзвор: Najzena.alo.rs