Како ја реновирав бањата за 11.000 денари и ја претворив во мал рај: Неверојатна трансформација за „малку пари“ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Девојка по име Џес (28) за помалку од 200 евра (11.000 денари) успеала да ја претвори застарената, мрачна бања во прекрасна оаза.

Целата куќа, но и бањата ја реновирала во нејзиниот заштитен знак и препознатлив стил од седумдесетите.
Вљубеничката во „направи сам“ проетките, имала одреден буџет до кој морала да се држи, а најмалку потрошила пари на бањата.

„Бањата беше толку досадна и изгледаше како да не се инвестирало во неа најмалку 15 години“, вели Џес.

Џес користела боја за плочки наместо да купува нови плочки, со спреј ги „решила“ ѕидните елементи, додека ѕидовите ги бојадисала со старата боја која останала од реновирањето на други делови од куќата.

Сепак, не сменила се, ги задржала старите славини, радијаторот за пешкири, параванот за туширање и кадата.

Џес сака да има микс од различни стилови во нејзиниот дом, а бањата моментално ѝ е омилен простор.

ПРЕД и ПОТОА:


„Мојот дом е спој на максималистички и минималистички стил. Навистина сум инспирирана од ентериерот од 70-тите и го внесов во мојата бања на вистински начин.

Во продолжение погледнете каква трансформација доби Џес за 11.000 денари:

Звучи неверојатно, но бањата може да се реновира за малку пари, без многу труд и мајстори: Сѐ ќе завршите за два дена (ВИДЕО)

Брачна двојка ја трансформираше трошната куќичка во прекрасен дом од соништата: Сѐ направија со сопствени раце (ФОТО)

Совршено: Како брачна двојка од Загреб ја преуреди својата бања стара повеќе од 30 години (ФОТО)