Како ќе изгледаше грчката европратеничка Афродити Латинопули, доколку беше „вистинска Македонка“: Вештачката интелигенција го даде одговорот

Добивај вести на Viber

Скандал во Европскиот парламент предизвика грчката европратеничка Афродити Латинопули при расправата за извештајот за Македонија. 

Таа се претстави како „вистинска горда Македонка“, обвинувајќи ги жителите на Скопје дека се „лажни Македонци“, и ги поддржа бугарските ставови за македонскиот идентитет и јазик. Според неа, Македонија „нема шанси да влезе во ЕУ, дури ни во сон“.

И додека оваа нејзина изјава предизвика дебати на социјалните мрежи, побаравме од вештачката интелигенција да даде решение на новонастанатиот „Гордиев јазол на вредности“. 

Според Chat GPT, ако Афродити Латинопули беше вистинска Македонка ќе се вика Убавка Југовска, ќе живееше во Битола во близина на Хераклеа, ќе одеше во Музеј на град Скопје, каде ќе ги гледаше статуетките на Адам од Говрлево, ќе се ладеше под дебела сенка на молика и ќе пееше „Македонско девојче китка шарена“. 

Таа би изгледала вака:

А не вака: