Животна училница // Приказни
„Како се справувате со славата?“ Јелена Ѓоковиќ побарала совет од Викторија Бекам, а добила одговор кој и денес го памети

Јелена Ѓоковиќ своевремено зборуваше за потребата да ги заштити своите деца Стефан и Тара од јавниот свет, на кој се изложени, со оглед на тоа дека се наследници на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.
Јелена Ѓоковиќ откри дека побарала помош од Дејвид и Викторија Бекам.
Таа се консултирала со Викторија Бекам
-Барам одговор, немам кого да прашам, нема слично искуство во нашата средина. Случајно, можеби пред шест години, бевме на вечера со Дејвид и Викторија Бек и јас ја прашав: „Како се справуваш со оваа слава и овој живот? Имаш четири деца“, кажа Јелена.Бев навистина вознемирена тогаш и имав потреба да ги заштитам. Дејвид и Викторија рекоа: „Па, мора да го прифатите како реалност“.
Некои луѓе се прилагодуваат на тоа. Забележав дека и тие поминале низ тие нервозни моменти, па мислам дека тоа е природно за секој родител, без разлика дали татко му е позната личност или не. Родителите сакаат да го заштитат своето дете од сѐ, а некои работи можеме да ги спречиме, а некои, за жал, не можеме.
И јас сум во секојдневно прифаќање на ситуациите што ми ги наметнува оваа улога. Некои многу потешко ги прифачам од другите и често се чувствувам како да сум ги изневерила моите деца изложувајќи ги на толку многу луѓе кои ги сликаат и осудуваат. Кај нас ни родендени, ни прослави, ни крштевки, ни ништо не може да помине, а некој да не го сними“, заклучи Јелена во емисијата „Кец на единаесет“.
Инаку, Јелена во неколку наврати зборуваше за воспитувањето на децата.
Извор: pink.rs