„Си заробила нормално лице и си му пренела лоши гени на потомството“: Инспиративна приказна на инфлуенсерка во количка и нејзиниот сопруг кои 11 години се борат со предрасудите за нивната љубов

Добивај вести на Viber

Арбнора е млада инфлуенсерка која боледува од тешка болест на коските и мускулите, поради што користи инвалидска количка.

 Иако секојдневието ѝ носи бројни предизвици, таа одбрала да им пристапи на животот и на болеста со хумор. На своите социјални мрежи постојано објавува забавни видеа, со кои не само што ја насмејува публиката, туку и руши длабоко вкоренети стереотипи за лицата со попреченост.

Meta

Нејзиниот живот е исполнет со љубов и поддршка. Арбнора има сопруг и мала ќеркичка, а љубовната приказна со нејзиниот партнер е вистинска инспирација. 

Тој е лице без попреченост, но кога ја запознал Арбнора, уште тогаш била во количка – што воопшто не го спречило да ја засака. Напротив, ја прифатил со целото нејзино битие и заедно изградиле семејство. 

Веќе 11 години се заедно, а денес тој е нејзина најголема потпора – презема голем дел од грижата за домот, за ќеркичката и за сопругата, без да дозволи болеста да биде пречка во нивниот заеднички живот.

Иако често се соочуваат со предрасуди и осуди од средината, особено со сурови коментари дека Арбнора „заробила“ нормално лице или дека пренела „дефектни“ гени, тие секогаш одговараат со сила, љубов и достоинство. Арбнора и нејзиниот сопруг докажуваат дека љубовта е посилна од сите бариери и дека вистинската среќа не познава граници.

РЖМ