Како ѝ стоел некогаш, како денес: После 20 години Карлеуша повторно го облече познатиот зебра комбинезон (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Еден дел од телото повеќе не може да го „вовлече“ во него. Сè останало исто, освен нејзината позадина, која е поголема отколку пред две децении...

Пред цели 20 години, во 2001 година, Јелена Карлеуша ја изведе својата песна „Безобразна“ во тогашното шоу Бестовизија, а нејзиниот комбинезон од зебра сè уште се памети.

Јелена во тоа време имаше само 21 година и тогаш важеше за најубавата пејачка на целата јавна сцена.

Сега, две децении подоцна, Јелена повторно го облече комбинезонот што го носеше во 2001 година, со коментар дека ова парче со потпис на „Роберто Кавали“ е вечно.

Факт е дека ѝ стои моќно, но проблем е што поп-sвездата веќе не може целосно да "влезе" во него. Всушност, сè останало исто, освен нејзината позадина, која е поголема отколку пред две децении....

Во галеријата, видете ја Јелена во истиот комбинезон тогаш и денес:

извор:telegraf.rs